Актуелниот англиски шампион Манчестер сити победи со 4-0 против Фулам во 36. коло од Премиерлигата и го презеде првото место на табелата.
Првата шанса на мечот ја имаше Гвардиол и ја искористи во 13. минута за водство од 1-0 на „граѓаните“, додека предноста ја зголеми Фоден во 59. минута.
Гвардиол во продолжение погоди и по вторпат за предност од 3-0 на Сити, додека конечниот резултат го постави Алварез од пенал.
„Граѓаните“ се на првото место со 85 бодови, додека Арсенал е втор со 83 бода.