Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојната „Копа Америка“ која ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.
„Кариоките“ ќе допатуваат во САД со најсилниот можен состав, а тука секако најмногу се истакнуваат ѕвезди како Винициус Жуниор, Родриго, Рафиња, Едер Милитао, Габриел Мартинели и останатите.
Повикани се 23 фудбалери, има многу изненадувања, но и дел од ѕвездите се изоставени, иако според правилата на турнирот, списокот може да се менува се до последниот ден пред првиот натпревар.
Интересно е што на списокот од 23 фудбалери нема место за повредениот Нејмар, а во составот ќе ги нема и Ричарлисон, Касемиро и Габриел Жезус.
Бразилците на Копа Америка ќе настапат во групата Д заедно со Колумбија, Парагвај и Коста Рика и ќе се обидат да дојдат до својот јубилеен, десетти трофеј од контитенталните собири.