Шпанскиот гигант Барселона добро ќе размисли за продажба на својот најдобар дефанзивец, уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо доколку тоа го бара економската ситуација на клубот.
Каталонците се во тешка финансиска ситуација, па ќе треба да направат по еден голем излезен трансфер за да ги ангажираат Витор Роке и Ињиго Мартинез, кои сега се регистрирани како позајмени фудбалери.
По триумфот над Наполи во Лигата на шампионите, Араухо изјави дека неговата иднина зависи од клубот, а „ЕСПН“ пренесува дека Барселона ќе се раздели со него доколку пристигне соодветна понуда за 25-годишниот дефанзивец.
Надежите на сопствениците на каталонскиот гигант сѐ уште се дека ќе успеат да ја балансираат финансиската состојба на клубот со продажба на помалку клучни играчи.