Пари Сен Жермен се пласира во полуфиналето на Купот на Франција, откако со 3-1 (2-1) ја совлада екипата на Ница на „Паркот на принцовите“.

 

Килиан Мбапе беше стартер за „светците“, и уште во 14. минута со гол му донесе водство на ПСЖ, по асистенција од Руиз. Токму Фабиан Руиз деветнаесет минути подоцна ја удвои предноста на ПСЖ. Дембеле го проигра, а шпанскиот играч за врска беше стрелец за 2-0. Ниту тоа не беше сè до полувремето, бидејќи Гаетан Лаборд ја преполови предноста на фаворитот (2-1).

Ница имаше две шанси преку Гесанд, меѓутоа не успеа да дојде до израмнување. Следуваше казна на спротивната страна, па по еден час игра Лукас Бералдо ги постави конечните 3-1. Голот се проверуваше за потенцијален офсајд, но од ВАР собата потврдија дека голот е регуларен.

До крајот парижаните рутински го обезбедија својот гол и го умртвија темпото,  па на крајот се радуваа на пласманот во полуфинале на Купот.