Фудбалерите на Милан дури во четвртиот натпревар дојдоа до првата победа сезонава во Серија А и тоа убедливо, откако лесно ја прегазија Венеција (4-0) на домашен терен. Милан имаше пеколен старт постигнувајќи ги сите четири гола за само 27 минути.
Натпреварот беше решен по првите половина час, во кој паднаа сите погодоци. Тео Ернандез уште во втората минута го најави крајниот епилог, за Габиа во 16. минута и Пулишиќ во 25. минута од пенал да ја потврдат доминацијата на „росонерите“. Точка на победата стави Абрахам четири минути подоцна исто така со удар од белата точка.
Составот од Милано досега имаше две нерешени средби и еден пораз, поради што новиот тренер Паоло Фонсека веќе почна да го чувствува притисокот и тоа не само од навивачите туку и од управата, поточно од спортскиот директор Златан Ибрахимовиќ. Овој триумф и начинот на кој дојде до него на португалскиот стратег ќе му донесе мир и ја подобри атмосферата пред воведниот меч од Лигата на шампионите, во вторник на домашен терен против Ливерпул.