Фудбалерите на Пари Сен Жермен стигнаа и до четвртата победа во Лига 1 оваа сезона. „Светците“ на домашен терен го победија тимот на Брест со 3-1.

Одлична партија прикажа поранешниот напаѓач на Барса, Дембеле.

Гостите поведоа со голот на Дел Кастиљо од пенал во 29.минута. ПСЖ успеа да израмни преку Осман Дембеле во 42.минута.

Во вториот дел, домаќинот дојде до триумф.

Фабијан Руиз во 73.минута стрелаше за 2-1, а само минута подоцна Осман Дембеле со својот втор гол го потврди триумфот.