Шпанското радио Кадена сер објави дека Реал Мадрид и Килијан Мбапе веќе ги договориле деталите од договорот и дека останува Реал да се договори со ПСЖ за висината на отштетата.
Кадена сер објави дека Мбапе ќе има плата од 50 милиони евра годишно во Реал, а ќе потпише договор до 2028 година. Претседателот на Реал, Флорентино Перес, се договорил со фудбалерот откупната клаузула да изнесува милијарда евра.
Сега претстои потешкиот дел од работата, двата тима да најдат заеднички јазик за отштетата. Според медиумите, ПСЖ бара 200 милиони евра,а последните извештаи говорат дека Перес најверојатно ќе ја плати оваа сума за да го донесе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“