Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја забележа и третата максимална победа од 3-0 на Вимблдон и се пласира помеѓу најдобрите 16 тенисери.
Швајцарецот Станислав Вавринка пружи отпор само во третиот сет, кој му припадна на србинот во тајбрејкот со 7-5 на поени.
Првите два сета без поголеми проблеми ги освои Ѓоковиќ со 6-3 и 6-1.
Со оглед на тоа дека дуелот започна со задоцнување од 40-тина минути, лесно можеше да се случи тој да заврши и после полноќ, бидејќи србинот и швајцарецот на теренот минаа точно 130 минути.
Новак Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против 18-тиот на АТП листата Хуберт Хуркач од Полска.