Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 10-та титула на Австралијан опен, и 22. гренслем-титула во кариерата,

Со победата на АО, Новак заслужено се враќа на првото место на АТП листата, а се изедначи со Рафаел Надал на вечната листа со по 22 грен-слем титули. Тоа што е Надал на „Ролан Гарос“, тоа е Ѓоковиќ во Австралија, неприкосновени кралеви на турнирите.

Србинот Ѓоковиќ нема загубено финале на Австралијан опен, а серијата дека ќе продолжи и денес, беше кристално јасно откако го доби критичниот втор сет во кој Гркот имаше сет-топка.

Ѓоковиќ е 11 години и 82 дена постар од Циципас (најголема разлика меѓу двајца финалисти на Австралијан опен во историјата), ги искористи искуството и знаењето за да покаже најдобар. Гркот имаше премногу грешки, ги загуби клучните поени, и во таква ситуација, невозможно е да се победи против најуспешниот тенисер во историјата.