На натпреварот од ХНЛ во Хрватска, меѓу Истра и Ријека, гостите го добија со 0:2, а домашните добија два црвени картони. Но се случи навистина еден невиден инцидент кој се прикажува во Хрватска и на Балканот и во светот.
Централна фигура е домашниот фудбалер Анте Ерцег, кој по прекршокот во 90.минута доби втор жолт, односно црвен картон а потоа побесна. Прво испрати пцовки кон судијата – Да ви е*ам мајката лоповска, стопати, потоа му го зеде бележникот и го искина, и замина кон соблекувалната. Но и таму тој не престанал да го навредува судијата сакајќи и физички да се пресмета со него.
После ваков инцидент, Анте Ерцег сигурно ќе добие драконска казна и ќе биде долго време надвор од терените.