Тимот на Милан на домашен терен оствари важна победа против незгодниот Сасуоло (1-0) и така во победничка атмосфера оди на пауза до крајот на божиќните празници.

„Росонерите“ на домашен терен славеа против ривалот против кој стандардно се мачат и тешко излегуваат на крај. Човекот кој го одлучи дуелот на „Сан Сиро“ беше американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ. Плејмејкерот беше стрелец во 59. минута по одличната асистенција на Бенасер.

 

За Пулишиќ ова беше шести гол во Серија А сезонава, за Милан а има и пет асистенции во калчо лигата.

Милан остана на третата позиција и сега има 36 бодови, односно девет помалку од лидерот Интер.

Три бода освои и Салернитана на гостувањето кај Верона (1-0). Единствениот погодок на натпреварот падна во 48. минута, стрелец беше Чауна. Со оваа победа Салернитана пак остана на дното, но направи чекор напред во борбата за опстанок во калчото.