Екипата на Нотингем Форест по повеќе од три децении успеа да го победи славниот Манчестер Јунајтед. „Шумарите“ триумфираа со 2-1 и му направија уште поголеми проблеми на менаџерот Ерик тен Хаг, кој ионака добива огромни критики за резултатите со тимот на „ѓаволите“.

Од друга страна, Нуно Еспирито Санто откако го презеде тимот на Нотингем Форест забележа две значајни победи.

Николас Домингез во 68.минута донесе водство за домаќинот, а израмни Маркус Рашфорд во 78.минута.

Сепак, победничкиот гол го постигна Морган Гибс-Вајт и донесе огромен триумф за Нотингем Форест.

Манчестер јунајтед се наоѓа во тешка криза, а тоа го потврди и вечерва со поразот од Нотингем Форест кој всушност е деветти за гигантот оваа сезона во Премиерлигата.

Нотингем Форест се наоѓа на 15. место во лигата со 20 бодови, додека Јунајтед е на седмата позиција со 31 бод.