Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо го потврди првото место на листата со стрелци за 2023 година, откако постигна гол за Ал Наср против Ал-Тавон.

Ал Наср победи со пресврт со 4-1 против Ал-Тавон, а последниот гол на натпреварот беше дело на Роналдо, кој стигна до 54 голови во 2023 година.

Зад него завршија Килијан Мбапе и Хари Кејн со по 52 гола, додека Ерлинг Халанд постигна 50 голови.