Екипата на РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас извојува победа над премиерлигашот Астон Вила (2-0) на турнејата во Соединетите Американски Држави.
Бундеслигашот постигна два гола во првото полувреме преку Андре Силва и Опенда, а нервозниот стопер на Астон Вила, Диего Карлос заработи два жолти картони и предвреме беше испратен во соблекувалната.
Елмас беше стартер на овој дуел, до 73 минута, период во кој имаше и една убава шанса, но шутираше крај голот.
Следниот тест за „биковите“ е против Вулверхемптон на 4 август.