Борусија Дортмунд оствари победа од 2-1 на гостувањето кај Бохум и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Купот на Германија.

Борусија поведе во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Емре Џан.

Но, во 64. минута стигна изедначување, домаќините преку Штогер израмнија на 1-1.

Во следната минута во игра влезе Марко Ројс и пет минути подоцна постигна гол за победа на Борусија Дортмунд од 2-1.

 

Првиот гол падна на необичен начин, голманот на домаќините лошо расчисти една топка а Емре Џан од половина терен успеа да ја затресе мрежата.

Џан кој има потекло од Турција, потоа емотивно прослави и ја бакна црната лента на ракавот во чест на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.