Натпреварот почна шокантно за Манчестер јунајтед, уште во првата минута Њонто постигна гол за водство на Лидс од 1-0,
а во 48. минута Варан си постигна автогол за предност на Лидс и од 2-0.
Но фудбалерите на Манчестер не се предадоа. Тен Хаг во 59. минута го стави Санчо во игра место Вегхорст.
Само три минути подоцна Рашфорд даде гол со глава за 2-1, а во 70. минута Санчо реализираше за 2-2.
До крајот Манчестер јунајтед притискаше да даде и трет гол, но мрежите не се затресоа повеќе. Сепак, Лидс Јунајтед треба да биде среќен што освои бод на ова гостување.