Фиорентина оствари убедлива победа (6-0) на домашен терен против Џенова. Без вистински тренер на клупата, откако Андриј Шевченко доби отказ, тимот на Џенова делуваше загубено на теренот, а „виолетовите“ тоа знаеја да го искористат.

Влаховиќ на стартот не реализира пенал, но не мина многу време и Одриозола го отвори резултатот. Бонавентура и Бираги до крајот на првиот дел зголемија на 3-0.

Во второто полувреме Бираги постигна уште еден гол, стрелаше и Влаховиќ, а серијата голови ја затвори Тореира.