Англискиот првак Манчестер сити неделава ќе ја плати отштетата од 75 милиони евра и официјално ќе експлодира бомбата на „Итихад“, па норвешкото чудо од дете Ерлинг Браут Халанд од Борусија Дортмунд ќе се пресели на Островот.
Тоа што минатата недела го најави еден од најпознатите италијански новинари, Николо Шира, објавувајќи дека сѐ е готово, договорено и потпишано, сега потврда доаѓа и од најугледниот спортски весник „Атлетик“, кој прецизира дека во оваа седмица ќе биде платена откупната отштета од 75 милиони евра кон „милионерите“ и со тоа ќе се затвори трансферот, зашто Халанд веќе ги договори личните услови со Сити.
Според информациите од претходно, Халанд ќе добие 30 милиони евра годишна плата и ќе потпише петгодишен договор со „граѓаните“.