Од таборот на Лајпциг велат дека веќе разговарале со агентот на Нкунку и клубот цврсто стои на ставот дека во летниот преоден рок нема да слуша никакви понуди за фудбалерот без разлика на парите.
Играчот за врска сезонава на 50 натпревари во сите конкуренции постигна фантастични 34 голови, а запиша и 20 асистенции. Ова се бројки од соништата, па затоа Манчестер јунајтед веќе покажува сериозен интерес.
Сепак, премиерлигашот и останатите заинтересирани клубови ќе мора да почекаат до летото 2023 година да почнат преговори со Лајпциг за овој фудбалер.