ФИФА испрати предупредувачка порака до Бразил, доколку има политичко мешање во изборите за претседател на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) ќе има и сериозни санкции.
Во јануари во Бразил ќе има избори за претседател на Бразилската фудбалска конфедерација, тие будно ќе бидат следени од ФИФА и КОНМЕБОЛ, а во случај на нерегуларности ќе има последици.
ФИФА има индикации дека државата преку политиката сака да влијае врз изборот на нов претседател на фудбалот во оваа земја, нешто што е строго забрането од најголемите светски фудбалски асоцијации.
Делегација на ФИФА во Бразил ќе пристигне на 8. јануари за одблиску да го следи целиот процес.
ФИФА на Бразилците им се закани и со можна суспензија за репрезентацијата и клубовите од сите натпреварувања доколку има мешање на политиката во изборите.
Во моментов Бразил нема претседател на фудбалската федерација откако Едналдо Родргиез беше сменет по барање на Судот на правдата.