Ракометарите на Словенија направи голема сензација совладувајќи го светскиот првак Данска со три голови разлика, конечниот резултат гласеше 28:25.
Овој натпревар се одигра во рамките на последното коло од втората фаза на Европското првенство кое се игра во Германија, а тоа значи дека Словенија останува во борба за пласман за петто место.
По ремито на Португалија против Холандија, и по големата победа против Данска, Словенците „избија“ на третото место и ја обезбедија борбата за петтото место.
Ова беше прва победа на Словенија против Данска во последните 24 години и најдобро покажува каква доминација имаа Данците.
Најефикасен во победата на Словенците беше Хоржен, кој постигна шест гола. Од друга страна, Јоргенсен беше најдобар кај Данска, кој постигна и шест гола.
Натпреварот в петок за третото место Словенците ќе го одиграат против третопласираната селекција од првата група која би можела да биде Германија, Унгарија или Австрија.