Последни учество во групната фаза обезбедија Глазгов Ренџерс и Копенхаген, а потоа по продолженија Динамо Загреб кој со 4:1 го совлада Бодо Глимт.

Сега се познати сите учесници и сите шешири пред ждрепката која е закажана за денес од 18:00 часот во Нион.

Воедно, за време на ждрепката ќе бидат прогласени и најдобрите поединци за изминатата сезона и идеалниот тим на УЕФА.

Како што знаете, репрезентациите од исти земји не можат да се сретнат, а групната фаза започнува веќе на 6 септември, а завршува на 2 ноември, поради зимскиот Мундијал во Катар.

Шешир 1: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ајнтрахт, Милан, Порто, Ајакс.

Шешир 2: Ливерпул, Челзи, Барселона, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севиља, РБ Лајпциг, Тотенхем.

Шешир 3: Интер, Борусија Дортмунд, Спортинг, РБ Салцбург, Шахтјор, Баер Леверкузен, Наполи, Бенфика.

Шешир 4: Олимпик Марсеј, Клуб Бриж, Селтик, Ренџерс, Динамо Загреб, Копенхаген, Викторија Пилсен, Макаби Хаифа.