Ден порано од планираното, поради техничка грешка, откриен е најдобриот тим од Лигата на шампионите за минатата сезона.
Како што е познато, Реал по 14-ти пат ја освои титулата европски клупски шампион.
Мадриѓаните имаа неверојатна сезона во елитното натпреварување, а на патот до новата круна на фасцинантен начин ги исфрлија Пари Сен Жермен, Челзи и Манчестер Сити, а на крајот во финалето го победија Ливерпул.
Најдобриот тим , УЕФА обично го објавува на денот на ждрепката за групната фаза, што значи дека тоа требаше да се случи денес, но деталите за тоа протекоа во техничкиот извештај објавен вчера.
Кога се во прашање најдобрите 11, на голот е голманот на Реал, Тибо Куртоа.
Бековната линија од четири играчи ја сочинуваат Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Антонио Рудигер (Челзи – Реал Мадрид), Вирџил ван Дијк (Ливерпул) и Енди Робертсон (Ливерпул).
Во средниот ред се Кевин де Брујн (Манчестер Сити), Фабињо (Ливерпул) и Лука Модриќ (Реал Мадрид).
Напаѓачкото трио го сочинуваат Килијан Мбапе (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид) и Винисиус Жуниор (Реал Мадрид).
Во гласањето за најдобар тим од Лигата на шампионите учествуваа 23 луѓе од светот на фудбалот.
Кога се тренерите во прашање, за најдобар е избран стратегот на Реал, Карло Анчелоти.