Атлетико Тукамон по 15 одиграни кола е лидер на табелата во аргентинското првенство, откако во последниот меч против Баракас Централ триумфира со 4-0, во меч во кој беше виден најспектакуларниот погодок сезонава во оваа фудбалска земја.

Стрелец беше Матео Коронел во третата минута од судиското надополнување и тоа откако влезе во игра 13 минути претходно. Тој забележа дека противничкиот голман е речиси на средина од теренот, па како дојде до топката скоро пред сопствениот шеснаесетник упати нималку лесен удар кој го лобуваше чуварот на мрежата и заврши зад гол-линијата.

 

Набрзо потоа на профилот на ФИФА на социјалните мрежи беше објавен овој погодок со напомена дали би можел да влезе во конкуренција за наградата „Пушкаш“ кога се доделува од 2009 година за стрелецот на најубавиот гол во годината.