Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва на домашен терен го победија Брентфорд со 3:0, во натпреварот од 35. коло на Премиер лигата.
Јунајтед поведе со голот на Бруно Фернандеш, a Кристијано Роналдо, Рафаел Варан стрелаа за убедлива победа.
Српскиот фудбалер Немања Матиќ за Јунајтед одигра до 71. минута. Ова беше последен натпревар за Матиќ на „Олд Трафорд“, бидејќи претходно најави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Матиќ пристигна во Јунајтед во јули 2017 година, а оттогаш со „црвените ѓаволи“ одигра 187 натпревари. Тој ќе има можност за последните две гостувања кај Брајтон и Кристал Палас.
Од дресот на „црвените ѓаволи“ се прости и искусниот Шпанец Хуан Мата.
Јунајтед е шести на табелата во Премиер лигата со 58 бодови, додека Брентфорд е 14-ти со 40 бодови.
Во следното коло Јунајтед игра против Брајтон, а Брентфорд ќе го пречека Саутемптон.
https://twitter.com/RedDevilRapport/status/1521235515680468996?s=20&t=qDzoYUSfX1FQ-6m-JTqnnA