Во натпреварот од 45. коло на англискиот шампионат, Фулам го демолираше Лутон со 7:0.
Пред крајот на колото Фулам одигра натпревар без притисок, кој претходно обезбеди враќање во Премиер лигата, додека гостите бараа барем бод во борбата за останување на шестото место и пласман во плејофот за влезе во највисокиот ранг.
Александар Митровиќ постигна гол во 62. минута. Со тој гол, српскиот репрезентативец го израмни рекордот во лигата по број на голови во една сезона, а во 92. минута влезе во историјата со гол за 7:0.
Неверојатна сезона за Фулам кој ја мина границата од 100 гола, но и за Митровиќ кој со Србија ќе игра во Катар и повторно ќе го гледаме во Премиер лигата.
Фулам вчера стана првиот тим во историјата кој постигнал над 100 гола во сезоната во Чемпионши