Антонио Ридигер стоперот на Реал Мадрид веќе долго време е на фудбалската сцена и има доста видено, почуствувано на своја кожа со оглед на тоа што играше во Германија, Италија, Англија, а од 2022 година настапува во Шпанија.
Низ досегашното патување се има соочено со многу предизвици и дефинитивно може да направи проценка за одредени ситуации, фудбалери, па од свој агол даде мислење за бисерот на шпанскиот фудбал и член на Барселона, Ламин Јамал.
Офанзивецот уште е тинејџер, ама со своите настапи веднаш се наметна прво во Барселона потоа и во шпанската сениорска репрезентација, две екипи кои сега не можат да се замислат без него во почетната постава иако има само 17 години.
-Мора да му дадете признание на тоа што го прави… Тој е неверојатен, неверојатен. Пред него има импресивна иднина. Се надевам дека ќе остане здрав затоа што никогаш не треба никому да му посакуваш лошо.
-Тоа што е за Барселона со 17 години, тоа што го направи на Европското првенство… Страшно, доста страшно. Тој има светла иднина пред себе, -порача Германецот.