Лионел Меси е познат како смирен и скромен фудбалер, кој не привлекува вномание со ништо друго освен мајсториите на теренот, што не беше случајот во синоќешната победа на пенал против Холандија за пласман во полуфиналето на Мундијалот во Катар.

Ѕвездата на ПСЖ погодокот за 2-0 го прослави на невообичаен начин, односно со ставање на рацете на уши пред клупата на „лалињата“. Утринава беше откриено дека тоа го направил во чест на сонародникот Хуан Рикелме, чиј заштитен знак беше ваквата прослава. Меси со ова сакал да му се одмазди на Ван Гал за лошиот третман на Рикелме во Барселона, поради што фудбалерот бил приморан да си замине од Каталонија.

Аргентинскиот волшебник и во финишот од мечот влезе во расправија со Ван Гал, тргна да му зборува нешто, но Давидс и останатите кои се најдоа тука го разделија. Холандскиот селектор пред мечот имаше потценувачки изјави за Аргентинците, а тие многу емотивно ги сфатија зборовите на Холанѓанецот, па вчерашната победа им делуваше како слатка одмазда кон него.

https://twitter.com/KieranCFC88/status/1601394191208103936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1601394191208103936%7Ctwgr%5Edecc2e80c4bbc44bde11077f70b67de5bb4ab271%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fmesi-so-prichina-slavel-neprimerno-sakal-da-go-pogodi-van-gal-foto