По поразот од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите најави дека повеќе нема да ја извршува таа функција.
Бразил во четврт-финалето по изведување пенали беше поразен од Хрватска – 1:1 (4:2).
„Мојот циклус заврши, пред година и пол ви кажав дека по Светското првенство повеќе нема да бидам селектор. Жал ми е, освоив се во кариерата, но не успеав да го освојам Светското првенство“, рече тој на прес-конференцијата по мечот 61-годишниот стручњак.
Тите е селектор на Бразил од 2016 година кога на таа позиција го замени Дунга.
Нејмар зборуваше исто така за пензионирање, но ќе донесе одлука кога ќе му се „олади“ главата.