Бразилците се во шок откако беа елиминирани од Хрватска во четврт-финалето на Мундијалот, а Нејмар дури најавува и можно збогување со националниот тим…
Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека не може да гарантира дека повторно ќе игра за репрезентацијата, откако беше елиминиран во четврт-финалето на Мундијалот од Хрватска.
„Не гарантирам 100 отсто дека ќе се вратам во бразилската репрезентација. Морам да анализирам, да размислам малку повеќе што е добро за мене и за репрезентацијата“, изјави 30-годишниот напаѓач на Пари Сен Жермен.
Бразилската фудбалска репрезентација која беше голем фаворит е елиминирана во четвртфиналето на Светското првенство во Катар откако загуби од Хрватска на пенали.
„Искрено, не знам. Мислам дека е лошо да се зборува сега затоа што ми е тешко. Можеби не размислувам исправно“, изјави емотивниот Нејмар за новинарите.
Соиграчот на Нејмар, Дани Алвеш изјави дека повеќе нема да игра за Бразил.