Малку го делеше Јувентус од уште едно ново разочарување и распродажба на бодови во домашното првенство.
„Бјанконерите“, сепак, одиграа само 2-2 на гости кај Каљари на Сардинија, иако до 61. минута имаа два гола негатива. По фантастичното прво полувреме, Каљари водеше со 2-0 благодарение на двата пенала кои ги реализираа Гаетано и Мина. Душан Влаховиќ со прекрасен гол од слободен удар го разбуди гостинскиот тим, а Досена со автогол во финишот му обезбеди бод на Јувентус.
Нерешениот резултат нема големо влијание врз пласманот на Јувентус бидејќи предноста во однос на конкурентите за пласман во Лигата на шампионите останува висока. Што се однесува до Каљари, тимот е без пораз веќе четири натпревари и со овој бод се оддалечи од екипите кои се во зоната за испаѓање.