Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов треба да биде едно од засилувањата за Барнли, кој ќе плати пет милиони евра за неговите услуги, а тренерот Винсент Компани кажа дека многу му се допаѓал нашиот фудбалер.
Компани имаше прес-конференција за медиумите, при што зборуваше за амбициите на тимот, а исто така потврди дека Чурлинов треба да дојде во Англија, но сè уште нема потпишано договор со Барнли.
„Ми се допаѓа Чурлинов. Не е тајна дека ќе го купиме, но сè уште не е наш и мора да договориме некои детали. Тој може да игра на повеќе позиции, но да оставиме и да зборуваме за тоа другпат бидејќи сега може да зборувам половина од времето за фудбалер кој можеби нема да дојде“, кажа Компани.