За разлика од главните ривали во битката за титулата сезонава, Барселона која киксна со реми против Рајо Валјекано (0-0) откако Столе Димитриевски беше несовладлив, а Реал Мадрид се препоти и со пресврт ја победи Алмерија, мадридските црвено-бели најубедливо тргнаа во новата сезона и сосема заслужено стигнаа до убедливиот триумф.
Феликс запиша хет-трик на асистенции, а Атлетико после еден час ја имаше обезбедено победата откако Алваро Мората во 15-та минута го отвори мечот, а во 59-та ја дуплираше предноста, па до крајот само уште Ентоан Гризман додаде трет гол на 15 минути пред крајот.