Кристијан Ериксен ја има сезоната од соништата, повторно игра во Премиер – лигата, откако едвај преживеа срцев удар на натпреварот од Европското првенство меѓу Данска и Финска. Данскиот играч за врска постигна голови против Холандија, Србија и против Челси и веќе има две понуди за трансфер. И тоа не било какви.
Тој е желба на два големи англиски клуба. Едниот од нив е Тотенхем за кој Данецот веќе играше за лондонскиот клуб. За шест и пол сезони, тој имаше 305 настапи за „петлите“ пред да биде продаден на Интер за 27 милиони евра во јануари 2020 година.
Другиот клуб е уште поголем, Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ ќе започнат со реконструкција на тимот на лето, а желба на раководството е токму Кристијан Ериксен како засилување за средината на теренот.
Договорот на триесетгодишниот Ериксен со Брентфорд истекува на лето и тој ќе стане слободен играч.