Вејн Руни е еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата. Иако ја започна својата кариера како дете во Евертон, тој стана легенда на Манчестер Јунајтед. За клубот од Олд Трафорд одигра 559 натпревари, постигна 253 гола и забележа 146 асистенции. Тој ги зеде и сите можни трофеи со Јунајтед, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Постигна прекрасни голови, тие ножички против Сити станаа култни, но на новинарско прашање кој за него е најубавиот гол во историјата на Премиер лигата, тој се одлучи за голот на својот пријател и соиграч Робин ван Перси.
Тој ден во 2013 година на „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ ја совладаа Астон Вила на патот кон титулата со 2-0, а голот што го постигна Холанѓанецот стана легендарен. Руни беше асистент на овој гол бидејќи испрати одлична долга топка, а Ван Перси со спектакуларен волеј ја заби топката во мрежата.
https://twitter.com/_BeFoot/status/1511295875498319873?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1511295875498319873%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fwayne-rooney-izabrao-najljepsi-gol-u-povijesti-premier-lige%2F2353612.aspx