Фудбалската репрезентација на Македонија за седум дена ќе го добие ривалот за полуфиналната пресметка од баражот за пласман на Светското првенство, како и можниот противник во евентуалното финале. Се појавува убава можност ФИФА дополнително да ја разгледува опцијата сите репрезентации да играат во своите најдобри состави.
Поточно, со оглед дека се работи за крај на квалификацискиот циклус и дополнително натпреварување за пласман на мундијалот, ФИФА да ги поништи сите суспензии поради жолти картони. Македонија од тоа би имала голем ефект затоа што во составот би се вратиле „суспендираните“ Елиф Елмас и Тихомир Костадинов. Двајцата се многу значајни алки во тимот на Блегоја Милевски, посебно „наполитанецот“ Елмас.
Во сите 12 селекции би недистигале вкупно 107 фудбалери, па УЕФА го побарала мислењето од сите федерации за овој случај. Ќе го испрати на дополнително разгледување во ФИФА која е одговорна за квалификациите за Светското првенство.
Има надеж дека Елмас и Костадинов сепак ќе можат да бидат дел од полуфиналната бараж – пресметка во март.