Според германските медиуми Роберт Левандовски ќе си оди ова лето од Баерн, а германскиот првак веќе забележал еден фудбалер кој би можел да го замени полскиот голгетер во нападот за наредните сезони.

Се работи за напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ кој е австриски репрезентативец. 24-годишниот фудбалер со потекло од БиХ би го чинел баварскиот гигант 20 милиони евра.

А „Билд“ информира дека претставници на Баерн веќе разговарале со претставниците на фудбалерот околу можниот трансфер на „Алијанц арената“. Исто така додава дека на радарот на Баерн се уште Себастијан Але, напаѓачот на Ајакс, а и Садио Мане од Ливерпул.

Калајџиќ е висок напаѓач (2,00 метри), роден е во Виена, а неговиот прв клуб е Адмира Вакер. Од таму во 2019 година се пресели во Штутгарт. За Австрија има 13 настапи и 4 гола.