Српскиот репрезентативец и поранешен напаѓач на Фиорентина Душан Влаховиќ од денеска и официјално е новиот играч на Јувентус со кој потпиша договор до 2026 година, потврдија од торинскиот клуб.
Според италијанските медиуми, Јувентус ќе плати 70 милиони евра на Фиорентина за трансферот на Влаховиќ, плус уште 10 милиони евра можни бонуси, а српскиот репрезентативец ќе заработува седум милиони евра по сезона. Голем број навивачи на „старата дама“ се упатија кон официјалната продавница на клубот за да го купат дресот на најновото засилување, а сите ги интересираше цената.
https://twitter.com/juventusfcen/status/1487176155518025729?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1487176155518025729%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F3860623%2Fnerealno-povoljno-ukoliko-zelite-dres-vlahovica-iz-juventusa-potrebno-je-da-izdvojite-ovoliko-novca-video
Дресот може да се нарача и преку официјалната веб-страница на клубот, а цените варираат од варијантата на дресот што клиентот сака да го купи.
Имено, варијантата „играчка“ на дресот чини неверојатни 150 евра, додека „обичната“ верзија е поевтина за 50 евра. Секако, доколку се работи за детски примерок, тогаш ова задоволство ќе ве чини „само“ 80 евра.