Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, верува дека Баерн Минхен нема да одигра уште еден слаб натпревар против Вилјареал. На првиот меч во Шпанија загуби со 1-0, а „жолтата подморница“ можеше да обезбеди и поголема предност.

„Време е сите да преземеме одговорност. Сигурен сум дека Вилјареал одигра еден од своите најдобри натпревари, а ние одигравме лош меч. Влогот е голем, па мораме утре да дадеме се од себе. Треба да го зголемиме интензитетот на нашата игра во целина. Вилјареал има квалитет, особено кога е притиснат. Направивме премногу грешки на првиот натпревар и тоа ќе мораме да го сведеме на минимум ако сакаме пласман во следната рунда“, изјави Нагелсман.

Дуелот меѓу Баерн Минхен и Вилјареал е закажан за утревечер во 21 часот.