Откако менаџерот Ерик Тен Хаг ги стави на клупата Кристијано Роналдо и Хари Мегваер, Манчестер Јунајтед победи на три натпревари по ред во Премиер лигата и е полн со самодоверба на денешното дерби против Арсенал, кое ќе започне во 17.30 часот на Олд Трафорд.
Кристијано Роналдо летово неколку пати беше на прагот да го напушти клубот со кој не ги ни мина подготовките, но на крајот остана.
„Ќе бидам негов пријател, понекогаш ќе му бидам учител, зависи од ситуацијата. Како што знаеме, тој не беше на подготовките и на летната турнеја, а без подготовка не може да се игра. Ќе видиме. Неговите минути ќе зависат од различни ситуации и барања на натпреварите. Се разбира, и од физичката подготвеност“, изјави Тен Хаг пред дербито со Арсенал.