Екипата на Штутгарт продолжува со одлични игри во новата сезона од Бундес-лигата и со триумфот (3-1) над Дармштад се искачи на првата позиција, со 12 бода после пет кола.
Загаду на стартот си постигна автогол во 17.минута за водство на гостите, но само пет минути подоцна израмни Мило.
Гираси ја продолжи одличната голгетерска серија и во 32.минута се погрижи за пресврт, а во финишот постигна и трет гол за Штутгарт, за конечен триумф од 3-1.
Штутгарт ќе преноќи на лидерската позиција во Бундеслигата, а утре може да биде симнат од таму ако Баерн Минхен го совлада Бохум.