„Граѓаните“ продолжија да газат и во новата сезона во англиската елита, па дуелот не дочека ни прва третина од првото полувреме, а веќе Сити имаше огромни 2-0 откако Фил Фоден донесе водство во седмата минута на асистенција на Кајли Вокер, а Ерлинг Браут Халанд во 14-та ја дуплира предноста по асистенција на Матеуш Нуњес и овие два гола беа решавачки за триумфот.
На Нотингем не му помогна ни фудбалерот повеќе на терен откако Родри по 11 минути во вториот дел доби црвен картон, па Сити умешно знаеше да го зачува резултатот..
Кристал Палас и Фулам во малата лондонска пресметка одиграа без голови, а Лутон ремизираше 1-1 во Вулверхемптон.