Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу нема намера да ја напушти Украина.
Романскиот стручњак нема да се врати во татковината откако руската армија влезе во источниот дел на Украина.
Луческу ќе остане да живее во тренинг центарот на Динамо, иако сите спортски натпревари во Украина се прекинати на 30 дена.
„Нема да го напуштам Киев и да се вратам во Романија. Не сум кукавица. Се надевам дека големите луѓе без мозок ќе ја запрат оваа војна. Никогаш не мислев дека ова е можно“, рече Луческу.
Тој беше во Украина во 2014 година, кога почна граѓанската војна, потоа во жешката зона на Донбас како тренер на Шахтјор Доњецк.
Во екот на хаосот, Луческу успеа да ги убеди странските играчи, кои веќе избегаа, да се вратат во тимот кој на крајот го совлада Динамо со 2-0 во Суперкупот на Украина.