Олимписката фудбалска репрезентација на Франција одигра одличен натпревар против селекцијата на Соединетите Американски Држави и триумфираше со убедливи 3-0 (0-0) во првото коло од групата А, каде претходно Нов Зеланд ја совлада Гвинеја со 2-1.
Домашната селекција влезе со силовито и во полн налет бараше водство, но во првите 45 минути не успеа лесно да го скрши отпорот на Американците. Гостинскиот состав имаше и две солидни шанси, но не успеа да дојде до изненадување, а на паузата остана почетниот резултат.
Второто полувреме донесе сосема поинаква слика на теренот и конечно домашните навивачи имаа многу причини за задоволство. Александр Лаказет ја начна мрежата на гостите во 61. минута, а потоа предноста ја удвои Мајкл Олисе од Баерн Минхен, кој стрелаше осум минути подоцна.„Триколорите“ делуваа сосема комотно во последната третина од мечот, а до крајот успеаја и да ја запечатат победата со уште еден погодок. Творец на конечните 3-0 беше Лоик Баде од Севиља, кој го заокружи триумфот со одличен погодок со глава.
Во групата Д, репрезентациите на Израел и Мали ги поделија бодовите во ремито со 1-1 (0-0). Во оваа конкуренција води Јапонија, која убедливо славеше над Парагвај со 5-0.