Екипата на Динамо Загреб, на нашиот Ристовски, направи големо изненадување во Конференциската лига. Динамо го совлада Бетис како гостин со 1-0 во 1/16-финалето од КЛ.
Шпанскиот тим беше апсолутно подобар противник и имаше тотална доминација на мечот, но впечаток е дека играше премногу лежерно и без посакуваното темпо. Ретки беа конкретните закани по голот на Динамо кој целото свое внимание го насочи на одбраната.
Моментот на одлука се случи во 76. минута кога Бруно Петковиќ погоди од пенал откако претходно Ријад играше со рака во својот шеснаесетник. Во последните моменти од дуелот, Бетис два пати се закани по голот на Динамо, но не успеа да израмни.
Вилијан Жозе имаше шанса за израмнување во 89. минута, но неговиот шут заврши во стативата.
Малку недостасуваше сензација да направи и норвешкиот Бодо Глимт кој како гостин ремизираше со Ајакс (2-2). Дури, холандскиот тим може и да биде задоволен од овој резултат бидејќи до 91. минута беше 2-0 за гостите, благодарение на головите на Гронбек. На почетокот од судиското продолжение Бјортфулт направи пенал и доби црвен картон, а од белата точка погоди Ван дер Бомен, додека конечниот резултат го постави Бергхуис во 97. минута.
Ајакс – Бодо Глимт 2-2
Бетис – Динамо 0-1
Макаби Хаифа – Гент 1-0
Сервет – Лудогорец 0-0