Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ игра неверојатна сезона во дресот на Фулам во Чемпионшип дивизијата. Србинот со двата погодока против Престон стигна до 40 голови сезонава и е на прагот да испише нова историја во вториот по ранг англиски фудбал.
Сега му недостигаат уште два гола да го израмни рекордот на Гај Витингам од 42 погодоци во една сезона, а три за да постави нов рекорд. До крајот на сезоната во Чемпионшип има уште три рунди и можно е Митровиќ да стигне до историски 43 голови.
Со вчерашната победа од 3-0, Фулам и официјално е промовиран во нов премиерлигаш.