Историски настап имаше норвешката гол машина Ерлинг Халанд, и тој е првиот фудбалер по 98 години со постигнати пет голови на натпревар од ФА купот.
Херој на дуелот беше Ерлинг Халанд кој постигна пет од шесте гола за својот тим и со тоа стана прв фудбалер на Сити по 1926 година со пет гола на меч од ФА Купот. Сето тоа го направи од третата до 58. минута, а не успеа да реализира и шести гол бидејќи Пеп Гвардиола го извади од игра во 77. минута. Освен тоа, Халанд стана прв фудбалер во историјата на Манчестер Сити кој успеал два пати да постигне по пет гола откако првпат тоа му успеа лани на натпревар од Лигата на шампионите
Заедно со него, се истакна и белгискиот виртуоз Кевин де Брујне кој му асистираше за четири од петте гола, па Белгиецот веќе има 11 асистенции сезонава и покрај тоа што беше повреден пет месеци и досега одигра само 12 натпревари. Шестиот гол беше дело на Матео Ковачиќ, додека двата гола за Лутон беа дело на Кларк.