Партизан од Белград, актуелен победник на АБА-лигата и поранешен европски првак, своето внимание го има усмерено кон тимот кој го крои за следната сезона во Евролигата.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ постигна третина од поените за нашиот национален тим, вкупно 32 поени и беше блиску до „трипл-дабл“ во Полска, па се појавија нови шпекулации за неговиот трансфер во Србија.
Нено кој е роден во Скопје е голем навивач на Партизан и негова желба е следната натпреварувачка сезона да игра во Евролигата. Како што пишуваат српските медиуми таа желба би можела да му се оствари, бидејќи актуелниот освојувач на АБА лигата повторно се распрашува за Нено.
Извонредниот плејмејкер има договор со рускиот Уникс Казан до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката на уште дванаесет месеци. „Црно-белите“ сакаат да се вмешаат и да го доведат Димитријевиќ во Белград.