Никола Јокиќ МВП на НБА лигата, ќе потпише нов, астрономски договор со Денвер Нагетс. За пет години Јокиќ треба да добие 260 милиони долари.

Никола Јокиќ втора година по ред е МВП играч на НБА лигата, а оваа сезона практично го донесе Денвер во плеј-офот каде во првото коло беше запрен од Голден Стејт, првиот финалист во НБА лигата. .

Тимот од Колорадо ќе биде во позиција да му го понуди тој договор во јули, а како што пренесува еден од најпознатите НБА новинари Чарани, центарот на Денвер ќе го прифати тоа. Во првата петорка на најсилната кошаркарска лига во светот, за најдобар центар беше избран и Никола Јокиќ.