Сенегалец кој има 19 години, пристигна во Барселона од хрватскиот третолигаш Кустошија и моментално игра во Б тимот на каталонскиот гигант. Менаџерот го продаде Фаје за пет милиони евра и 20 отсто од следниот трансфер.
Барселона во јануари одби девет милиони евра за сенегалскиот стопер, а сега Мундо Депортиво пишува дека фудбалските гиганти Арсенал и Борусија Дортмунд контактирале со Каталонците.
“Барселона знае дека има необработен дијамант во рацете и на крајот од сезоната ќе донесе одлука за Фаје. Проблемот е што некој мора да си замине за да му направи место во првиот тим. Арсенал, Борусија, Ница и Лил му нудат многу поголема плата од онаа што ја има сега и го гледаат во првиот тим, но Барселона се чуди на се“, пишува Мундо Депортиво и наведува дека Барселона сепак би можела да размисли за продажба на Фаје доколку понудата е поголема од 20 милиони евра.